Таткото на малиот Акарат (14), едно од 12-те момчиња кои беа заробени во пештерата Там Луанг во Тајланд, Адисак Вонгсукчан изјави дека цели 18 дена поминал пред влезот на пештерата чекајќи го својот син.
Тој вели дека бил загрижен за синот, што јаде, како живее, дали ќе успее да се спаси.
– Им ветив на другите родители, на тие што нивните деца не излегоа веднаш, дека ќе чекам со нив и ќе си одам кога ќе си одат и тие. Дека нема да ги напуштам иако мојот син излезе. Ќе минеме низ сè заедно, изјавил тој по спасувањето на неговиот син.
Спасувачката мисија за извлекување на децата се одвиваше 3 дена и сега конечно сите се на безбедно во болница. Момчињата и тренерот беа заглавени во пештерата од 23-ти минатиот месец.