Премиерот Заев денеска во новото седиште на НАТО во Брисел ќе ја прими поканата за почеток на пристапни преговори

116
заев зоран

На свеченост што ќе се одржи попладнево во новото седиште на НАТО во Брисел, на вториот ден од самитот на шефовите на држави или влади, членки на Алијансата, премиерот Зоран Заев ќе ја прими поканата за почеток на пристапни преговори со НАТО од генералниот секретар, Јенс Столтенберг, пишува Нова ТВ.

– Го поздравуваме договорот помеѓу Атина и Скопје и се согласивме да ја поканиме Владата во Скопје да започне пристапни преговори, откако ќе бидат заоркужени сите внатрешни процедури за да се финализира договорот земјата ќе влезе во НАТО како 30-та членка, изјави Столтенберг.