3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: На Заев не му е грижа за името на државата

Зоран Заев мора да си замине од премиерската функција. Зоран Заев веќе нема никаков кредибилитет да ја претставува Република Македонија кога не почитува ништо македонско. „Кому му е гајле како ќе биде новото име на државата“. Ова е ставот на Зоран Заев искажан во интервју на Би-Би-Си. Како и секогаш, Заев своите вистински ставови ги кажува во странство, додека дома продава празни флоскули за добробит од капитулацијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Кому му е гајле потоа, дали некој ќе не викаат Северна Македонија или Јужна Македонија, официјално ние ќе бидеме Северна Македонија. Се што ќе биде државно ќе биде ословувано со новото име. И тоа е дел од договорот и ќе го исполниме, заклучува Заев за британскиот јавен сервис. На Заев не му е грижа ниту за македонскиот идентитет, ниту за македонската историја, ниту за македонскиот јазик, ниту за македонската државност изразена преку Уставот на Република Македонија. Тој е повеќе загрижен за грчките интереси и тоа редовно го признава пред сите странски медиуми, стои во реакцијата на партијата и се додава:

„Заев за Би-Би-Си признава дека прифатил се’ поврзано со антимакедонскиот сет грчки барања, па вели „Имаше еден вид на црвени линии, како што се да имаме ново име, истото да биде со географска одредница и да биде за севкупна употреба, внатрешно и надворешно“. Заев ги прифати грчките црвени линии, но македонските црвени линии ги изгази и со тоа жртвуваше се што до сега значеше македонска гордост. Точно е дека преку 75% проценти од граѓаните на Македонија се за ЕУ и НАТО интеграции, но целиот македонскиот народ е против бришењето на името Република Македонија, против промени во Уставот и против било какви додавки во јазикот или националноста. Идентитетски одредници кои и досега беа чисти. Ставањето на знак еднаквост меѓу двете прашања е уште една манипулација на Заев со која што се обидува да ги прикрие неспособноста и криминалното богатење на картелот на власт“.

поврзани објави

Последни објави