4.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Пернар: Македонија не е суверена држава, не можете самите на себе ниту име да си одберете

Во интервју за „Поглед.мк“ хрватскиот пратеник и член на партијата “Жив Ѕид“ од Хрватска Иван Пернар вели дека Македонија не е суверена држава, а расправата за името покажува дека ние како држава и народ сме неслободни. 

– Македонија не е суверена држава, како таа ќе се вика е прашање за филозофска расправа од која нејзините државјани, граѓани нема да имаат никаква корист. Меѓутоа, таа расправа јасно покажува колку Вие сте неслободни, земајќи го предвид фактот дека не можете самите на себе ниту име да си одберете, туку за тоа барате согласност од други, вели Пернар.

Притоа, тој додава дека ЕУ е потресена од доаѓањето на популисти на политичката сцена и верува дека и други држави ќе го следат Брегзит.

 -ЕУ беше прикажувана како некоја ексклузивна организација, со излегувањето на Велика Британија, она тоа веќе не е.

поврзани објави

Последни објави