ВМРО-Народна партија ја поздравува одлуката на 29-те членки на НАТО присутни на самитот, за отпочнување на преговори со Република Македонија за приклучување кон алијансата. Самата одлука за отпочнување на преговорите е јасен знак дека местото на Република Македонија е во НАТО.
Република Македонија со својата повеќегодишна посветеност во однос на Атлантските интеграции заслужува да е дел од Евроатлантскиот сојуз.
ВМРО-Народна партија предупредува дека изјавата на генералниот секретар Јенс Столтенберг треба да се сфати сериозно. Од денес па натаму се зависи од Република Македонија и затоа е потребно да се посвети големо внимание и сериозност кон целиот процес врз која се темели поканата за членство во алијансата.
Воедно потсетуваме дека ВМРО-Народна партија години наназад во своето делување се залагала и отворено говорела за отстранување на сите пречки кои го блокираа патот на Република Македонија за вклучување во алијансата.