3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Седум и пол години казна затвор за дедото на Тамара

Седум години и шест месеци затвор е казната која денеска му беше досудена на Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара,  за обид за убиство на екс министерот Никола Тодоров.

Судијката Софија Лаличиќ истакна дека судот сочувствува со семејството за загубата на малата Тамара, но додавајќи дека правдата не се добива со ” око за око”‘.

-Обвинетиот посегнал по животот на оштетениот бидејќи го сметал за најголемиот виновник за смртта на Тамара. Но тоа не е патот до правдата. Оштетениот е жив не затоа што обвинетиот не сакал да го убие, туку затоа што Тодоров се наведнал, истакна судијката.

Таа додаде дека обвинетиот се бранел дека само сакал да пука во воздух и да ја пренесе пораката- Да нема повеќе други Тамари!, но како што рече, со пукање во глава на министер немало да се пренесе пораката.

Судијката констатираше и дека за смртта на Тамара на обвинителна клупа се 12 обвинети, меѓу кои не е Тодоров.

поврзани објави

Последни објави