-5.2 C
Skopje
Saturday, February 8, 2025

П. Богојески: Системско решение за да се намали антагонизмот е една изборна единица

ВМРО е борба, идеја за конституирање на македонска државност во која ќе царуваат слобода и човекови правдини, вели во гостувањето на „Само Вистина“ заменик генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Петар Богојески.

Нашата природност, нашата про-западна ориентаија, во ВМРО-ДПМНЕ извира од нашите претци. Во меѓувреме се случија низа настани кои потикнати од лични интереси на неколкумина имаше потреба да се врати титовата приказна и онаа на Милошевиќ, да се делиме на патриоти и предавници. Преку ноќ се станува предавник или патриот со една изјава, додава тој.

Според него системско решение за да се намали омразата, антагонизмот меѓу вмровци и комуњари, меѓу шиптари и каури, е една изборна единица во која извршната власт ќе се дели процентуално. Поентата е да влеземе во ЕУ како нормални граѓани. СДСМ се виновни што воспоставија пракса за БОЈКОТ на референдум, нешто што го направија со територијалната поделба. ВМРО-ДПМНЕ пред 15 16 години промовираше дека решението за името мора да помине преку референдум. За такво крупно прашање гласот на граѓаните е најважен. Ова се историски одлуки. Мора аргументирано да се дискутира, што точно треба да се направи, вели Богојески.

Ние сакаме како патриоти силна држава, стабилна држава, владеење на право, човекови права. Ако тоа го бараме и ако тоа го пишуваме во сите наши декларации, мораме тоа да го практикуваме.

27 април ми паѓа тежина кога ме прашуваат. Ова е поголем проблем за мојата партија, отколку за СДСМ, албанските партии. Ова се актуелизира поради ЕУ. Граѓаните кои искрено веруваа дека ја бранат Македонија рушејќи ја портата на Собранието, не можеме да го осудиме за тероризам или насилство. Треба да се види кои се странски служби се обидоа да ги злоупотребат македонските граѓани. Во исто време, уметниците, актерите, граѓаните кои беа таму мора да бидат иземени од прогон. Треба да најдеме конзензус, средина, 27 да го затвориме. Ако не поради нас, тогаш поради ова ЕУ интеграцијата. Дајте да го решиме овој проблем, да престанеме само за тоа да зборуваме, вели Богојески.

 

 

 

поврзани објави

Последни објави