Актерот Џони Деп доби нова тужба на негова адреса за напад на работник на сетот за филмот „City of lies“.
Мажот на кого Џони Деп му се нафрлил и му викал „Ќе ти дадам 100.000 долари ако ме удриш“ најверојатно и ќе ги добие тие пари откако поднесе тужба против холивудскиот актер за физички напад.
Лани беше објавено дека Деп нападнал менаџер за локација на сет бидејќи го надминал предвидениот термин за снимање на улиците на Лос Анџелес, откако овој му кажал дека имаат време за само уште една клапа.
„Кој се замислуваш дека си ти? Знаеш ли кој сум јас?“, му викал Деп на филмскиот работник Грег Брукс, а потоа два пати го удрил во стомак, стои во тужбата.
Брукс исто така наведува дека можел да намириса алкохол во здивот на Деп додека му викал.
Препирањето било прекинато со интервенција на телохранителите кои го одвлекле Деп и го тргнале на страна за да не дојде до тепачка.
Не е познато колкава сума бара Брукс како отштета.