6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Медлин Олбрајт е спремна да стане муслиманка во знак на солидарност со бегалците

Поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт изјави дека е спремна да прејде во друга вероисповест односно да стане муслиманка во знак на солидарност со бегалците, спрема кој претседателот на САД Доналд Трамп најавува поостра политика.

„ Пораснав како католичка, станав членка на Епископалната црква, а подоцна открив дека семејстовот ми е еврејско. Спремна сум да се регистрирам како муслиманка во знак на солидарност.– вели Олбрајт.

Трамп во текот на изборната компања најави дека привремено ќе го забрани влезот за муслиманите во САД и предложи да се евидентираат оние кој се веќе во државата.

Медлин Олбрајт за време на претседателскиот мандат на Бил Клинстон беше амбасадорка на САД во Обединетите Нации и државен секретар.А во текот на изборната кампања на последниве избори таа активно ја поддржуваше демократката Хилари Клинтон.

 

 

поврзани објави

Последни објави