ДЕВИЦА
Веќе сте заморени од празни ветувања и преголеми очекувања. Работите кои ги имате започнато повеќе одат наназад отколку напред. Меѓутоа, се уште не сте добиле негативни одговори и затоа морате да продолжите со работата и да се надевате.
Партнерот во изминатиот период покажуваше иницијатива за средување на некои работи, но сега повторно се повлекува и нема желба да соработува. Тоа ве нервира, но немате начин да го разбудите и да го вратите во реалноста. Можен е зголемен стрес.
ВАГА
Денес ќе бидете соочени со некои неочекувани проблеми. Највеќе ви пречи што воопшто не сте размислувале за таква опција и немате направено план Б.
Свесни сте дека на крај се ќе биде како треба, но во моментов се чувствувате беспомошно. Доколку партнерот е роден во огнен знак, очекувајте нервозна реакција на некои ваши потреби. Тој не може да се менува, но вие секогаш можете да најдете компромисно решение и да го сочувате мирот во домот. Можни се проблеми со стомакот.