3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Познат психолог открива: Kоj тип на мажи редовно бараат проститутки на Балканов

Проституцијата е еден од настарите занаети на планетава, неговото орудие никогаш не се менувало, додека давателките на услугите секако се нарекувале. Проституција претставува пружање на сексуални услуги во замена за пари или друга материјална надокнада. Жена која се бави со проституција се нарекува проститутка, а мажот се нарекува проститут или жиголо.

Во различни законодавства е различно регулирана, во многу земји е забранета со закон, додека некаде е правно регулирана како дејност. Мотивот за бавење со проституција и машка и женка е јасен, односно единствениот мортив е заработка која се разликува од тоа дали особата се бави со неа во високи кругови или на улица.

За тоа дека проституцијата е еден од најстарите занаети сведочи и тоа дека била дел од секојдневието на старите Грци, започнувајќи уште од архајскиот период. Во најзначајните грчи полиси, а особено во заливите, се вработувало голем дел од населението и претставувала првокласна економска активност.

Полисите не ја осудувале, а јавите куќи си постоеле пред очите на јавноста. Во древна Атина на законодавецот Солон му се припишувало отворањето на борделите со умерени цени под државна контрола.

Во античка Грција проституцијата различно се одразувала на половите: со проституција се бавеле жени од сите возрасни групи и млади мажи, додека клиентелата била сочинета исклучиво од мажи. А каква е денес клиентелата и кој ги користи услугите на проститутките?

Класичен профил на луѓе кои изнајмуваат улични проститутки не постои. Ги изнајмуваат и момци од 18 години, но и мажи во третата возрасна доба. Неретко се случува и жени да изнајмуваат машки проститутки, а правите мотиви се јасни: на едните им е потребно материјално добро, а на другите задоволство кое го немаат во стварниот живот.

КАКОВ Е ПРОФИЛОТ НА ЛУЃЕТО КОИ ГИ КОРИСТАТ УСЛУГИТЕ НА ПРОСТИТУЦИЈАТА?

Не постои некој посебен и специфичен профил. Сексот е нагонска потреба на човекот, а проституцијата е најстариот занает на светот. Услугите најчесто ги користат мажи, иако постојат и жени кои користат машки проститутки.

ЗОШТО ГИ КОРИСТАТ НИВНИТЕ УСЛУГИ?

Бидејќи ваквите услуги најчесто ги користат мажи, тоа го прават бидејќи немаат постојан партнер и поради инстиктивната потреба да ги задоволат своите нагони, па им плаќаат на жените кои се бават со тоа.

Меѓу клиентелата сепак постојат два типа на луѓе кои ги користат овие услуги, односно две причини поради кои се користат таквите услуги. Првата опција, како што рековме претходно е – немање на постојана партнерка за задоволување на своите нагони. Втората опција се мажи кои имаат постојана партнерка, но на некој начин нивните потреби не се задоволени. Таквите мажи од проститутката можат да добијат нешто што не можат да го добијат од својата жена или партнерка.

ЗОШТО МАЖИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ПРОНАЈДАТ ЗАДОВОЛСТВО СО СВОЈАТА ЖЕНА ИЛИ ПАРТНЕРКА?

Тоа може да биде поврзано и со различни табуа, забрани во смисла на морални начела. Голем број жени едноставно не можат сексуално да се опуштат, па нивните партнери ги задоволуваат своите нагони на поинаков начин. Мажите кои користат услуги од проститутки, ги решаваат своите фрустации со тоа што плаќаат за услугите што им се потребни.

поврзани објави

Последни објави