7.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Била со мене само за да земе Американски пасош, што може да ти направи Македонка, никој не може

А мислев дека ме сака. Се запознавме овде, во Америка. И јас сум Македонец. Роден сум во Македонија. Прво татко ми доби државјанство, а потоа за неколку години не’ повлече и мене и мајка ми. Тогаш го завршував основното училиште.

Во почетокот моите родители работеа се’ и сешто, но потоа добро се снајдоа. Иако го продадоа сиот имот што го поседуваа во Македонија, сепак, секое лето се враќавме да ги посетиме роднините.

И така јас пораснав, се школував и почнав добро да заработувам. Работев по две смени, а најмногу пари заработив во една фирма за транспорт каде мораше да возам камиони на долги дестинации. Оваа работа особено ме исцрпи и мислам дека предвреме ме остари, но бев решен да го вратам кредитот што го зедов за да си купам свој сопствен стан. Додуша и моите родители многу ми помогнаа.

Како и да е, многу се измачив за тој стан. Ми дојде времето за женидба, а јас се’ уште немав некоја сериозна врска, па не ни размислував на нешто повеќе. Мислев дека имам време за таа работа. Пари се печалат додека си млад, нели.

И тогаш ја сретнав неа, Биљана од Скопје, дојдена во Америка за да студира. Беше многу симпатична и згодна. Веднаш ми стана мила и ми влезе под кожа.

По кратко излегување, и предложив да се пресели кај мене за да не плаќа кирија. Таа беше пресреќна. Живеевме неполна година во среќа а јас конечно се чувствував исполнето. Таа ги заврши студиите и мораше да се врати назад во Македонија, немаше се’ уште документи, а јас без размислување и предложив брак. Така би добила државјанство и не би морале да се разделуваме.

Во тој момент мислев дека ме сака најмногу во свет. Набргу после свадбата таа успеа да најде работа во една банка како обична службеничка. Не мораше да работи бидејќи јас добро заработував, но таа инсистираше на тоа.

Јас сакав да основаме семејство, мислев дека сега е време за детенце, но таа се противеше. Ми велеше дека се’ уште е рано, дека не треба да брзаме. Во ред, ја испочитував нејзината желба, но во секој пригоден момент спомнував дека многу би било убаво да имаме едно бебенце.

Ја засакав премногу, а таа знаеше се’ да извлече од мене. Се’ што ќе посакаше. За кратко време напредуваше во банката. Следната година стана шефица, а годината после неа стана некој секторски раководител. Кога и да и споменев дете, таа секогаш велеше дека уште е рано, дека не е дојдено времето. А речиси и престанавме да бидеме интимни. Многу ретко се гледавме. Таа беше цел ден излезена, јас кога доаѓав таа мораше да излезе и обратно.

Еден ден ми соопшти дека е бремена. Јас бев неизмерно среќен. Мислев дека сите соништа ми се исполнија. Не знаев што побрзо да направам од преголема среќа. А потоа ми кажа дека не сака да го задржи. Ме поли со ладен туш. Не можев да сфатам зошто не сака да роди??

Бевме во брак, двајцата добро заработувавме, дури таа последната година заработуваше доста повеќе пари од мене.
Ја одвраќав од намерата да абортира, ја молев на коленици, ја преколнував, па дури и заплакав. Го сакав тоа дете! Сакав да имам дете!

Еден ден набргу потоа дојде и ми кажа дека е готово. Не е повеќе бремена. Мислам дека тогаш ми одзеде 20 години од животот. Но ова не е се’. Деновите што следеа после тоа нема никогаш да ги заборавам. Имено, таа веќе подолго време се однесуваше чудно.

Еден заеднички пријател, нејзин колега, неодамна ми кажа дека ја видел жена ми како влегува во еден мотел со шефот на банката, и како на шега ми даде до знаење дека се шушка кај нив на работа за можната афера. Му реков дека сигурно се препознал, па дури и му се подналутив за невкусната шега и оттогаш не сум исконтактирал со него.

Решив да му се јавам. Беше убеден дека жена ми ме изневерува со нивниот шеф. Ме упати каде да ги сочекам и ми кажа во кој хотел да ги најдам. Нивната врска била јавна тајна, само уште јас не сум знаел. Се’ што ми се случуваше потоа беше како на филм. Беше долждлив ден, а јас ги чекав паркиран во кола. Се појави таа. Со неа беше еден висок црнец.

Дотогаш не знаев како изгледа нејзиниот шеф. На рецепција им дадоа клуч а јас скришум ги гледав. Ми зовре крвта и мислам дека во тој момент се збудалев. Отидов и јас на рецепција и прашав во кој број на соба се упатија овие пред мене, со некој изговор, не се сеќавам што реков. Не сакаа да ми кажат. За добар поткуп ми дадоа клуч од собата.

Не знам дали сакам да зборувам за она што следеше. Некако низ магла ми е. Знам дека кога ја отворив вратата тие веќе беа голи, а мојана беше врзана со пешкир.

Ладнокрвно ми пријде и ми рече да престанам да викам, бидејќи ги вознемирувам и веднаш да ја напуштам собата. Не знаев што ми се случува. Сакав се’ да искршам внатре, едвај се созедов нејзе да не ја удрам.

Ова не е се’. Потоа следеше уште потежок период за мене. Добив покана за суд. Бев обвинет за семејно насилство. Бев обвинет дека сум ја натерал жена ми да абортира.

Бев обвинет дека сум премногу љубоморен и дека психички сум ја малтретирал жена ми. Бев обвинет дека сум бил љубоморен на нејзиниот успех во кариерата и сум и правел секакви сопки на работа, па дури сум и упаѓал на деловни состаноци.

Не можев да поверувам за што се’ сум обвинет. Оваа жена ме фрли на дното. Ми го зеде станот, ми ја зеде колата, ги зеде сите работи во станот, ми ја зеде младоста и ме фрли на улица ко некое куче.

Судските процеси траеја многу долго. Мојот адвојат најпосле дигна раце. Ме исцрпеа и психички и физички и материјално. Ми требаше долго време да се соземам. Ваков развод не сум видел ниту на филм. А мене ми се случуваше, но ко да му се случуваше на некој друг. Ја молев и ја преколнував да се разделиме ко луѓе. Да не ме клевети за работи што не сум ги направил. Но веќе беше недостапна за мене, а нејзиниот адвокат беше ладнокрвна скорпија.

Одеднаш се најдов на нула, на под нула. На самите почетоци кога започнував да создавам, но тогаш барем ги имав моите родители и нивната огромна финансиска помош. Кратко после мојот болен развод почина мајка ми. Тоа беше уште еден удар за мене.

Оттогаш поминаа 15 години. Сега сум повторно женет, имам мила жена, добра сопруга и уште подобра мајка која ми роди две златни дечиња, нека ми се живи и здрави. Се оженив пред 9 години. Но добри шест години ми требаа да застанам на нозе. Работев деноноќно, неуморно. Се преселив во друг град и за Биљана веќе ништо не разбрав. Ниту прашав. Тоа е жената што сакаше да ме уништи, но не успеа. Собрав снага и како феникс воскреснав.

Петар П.

Овој текст е авторски и не смее да се превзема и реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Поглед

поврзани објави

Последни објави