-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Се преселивме во Холандија и женчево мое збесна, почна да се понаша ко да е во втор пубертет

Галама здраво. Најчесто ве читам наутро, кога го пијам кафето. Порано беше весник, сега телефонот во рака како утрински ритуал уз кафица. Интересни ми се овие ваши приказни кои ги објавувате од читатели, па си реков ај и јас ќе пишам.

Со женчево мое, овде во Холандија се преселивме пред три години. Инаку потекнувам од Поречието, а живеевме во Скопско Сопиште. Деца немамвме кога се одлучивме да побараме работа низ Европа, а немаме сеуште, ама после ова што се случува со жена ми, незнам и дали ќе имам со неа. А што се селучува, епа вака.

Кога стигнавме тука пред три години, бевме како “изгубени германци”. Ни јазик знаевме, ни ништо. Јас се вработив во една перална за коли и тоа затворена. Ко онаа во Карпош 4 што е, бивша “Механика”. Жива болест. Внатре влажност огромна, издувни гасови. Ама па, токму поради тоа, платата беше повисока. Заработував околу 1200 евра месечно. Најдовме еден стан кој го делевме со уште еден пар. Жена ми на почеток не работеше ништо.

Подоцна јас успеав да најдам работа кај еден србин што има пекара и скара на кило. Знаете и тука има многу балканци, од поранешните ЈУ републики и оваа работа поминува овде. Платата е тука негде, ама паѓа и по некој динар од бакшиш, па не е лошо. Работам се и сешто, што ќе ми каже газдата. Абе живот кучешки, ама тоа е, млади сме. Јас имам 27, а сопругата 24. Се зедовме многу млади, јас имав 24, таа 21, а одевме уште 3-4 години претходно. Знаете како е на село, нечини да се растура врска, млади се жениме и тоа е.

Е сега што се случи. Жена ми наоѓаше некои краткотрајни работи, како чистачка, негувателка. Најдолго се задржа во една фирма за чистење, кои одржуваа казина, ама мораше да стане многу рано, во 5 наутро и да среди дури објектот да отвори. Убаво и плаќаа, околу 800 евра месечно за три часа работа дневно, ама она постојано се жалеше дека е ненаспана. А реално, преку ден можеше да фати и втора работа.

Арно ама, една нејзина другарка од Босна, ја викна еднаш во објектот кај што таа работеше на испомош, бидејќи дента им фалело персонал. Женчево мое во кафетеријата се покажала вредна (девојка од село, со работни навики), миела чаши, чинии, па дури стигнала да помогне и во кујна, а тоа, морам да признаам е нејзин терен. Мајка и многу добрро готвеше, а исто и жена ми. И газдата и понудил да остане да работи. Основна плата 30 евра дневно, ама другаркава и кажала дека може да се фати и уште толку од бакшиш.

Искрено, не ми беше сеедно жена ми да работи у кафич, ама шо ќе праиш, борба за опстанок. И се беше ОК неколку месеци. Дури дома почнаа и да ни остануваат пари, па така првпат откако бевме тука заштедивме околу 5000 евра. Почнавме да размислуваме и кола да купиме и конечно да отидеме во МК да ги видиме роднините, да се пофалиме дека и ние малку од малку сме се одомаќиниле.

Тука започнуваат проблемите. Женчево мое, почна се повеќе да биде расеана, поспана, незаинтересирана за мене. Едноставно одеше на работа, а дома само спиеше. Ретко да зачисти, зготви. Во почеток се правдаше со умор, но подоцна, кога со другарка и од Босна почна да излегува и ван работно време, па и навечер, ми стана сомнително.

Знаете, овде во Холандија, многу од кафулињата, легално продаваат канабис. И кафулето кај што работи сопругата е регистрирано за таква дејност. Дали ќе ви се верува, женчево мое од Сопиште, почнала да пуши трава! Со дргарка и Алма од Босна! Си подкраднувале они од кутивчињата по малку и си виткале после работа. Затоа оваа ко ке се вратеше дома, како да лебдеше, а демек уморна. Им се уарнило, па почнале да си пушат и навечер коа искачаат.

И фатив у ташна на оваа мојава и немаше никаква покајничка реакција, туку напротив. Јас као сум бил заостанат сељак, ова било модерно, не создавало зависност, па било лек, па ова, па она. Малку се стресе коа и реков дека ќе му кажам на татко и, ама шознам. И сега капак на се, ми доаѓа пред некој ден женчево мое од Сопиште и ми вели: “Слушај, ја ќе се тетовирам, сакаш и ти?”

Што е следно? Може ќе ми донесе уште еден пар за дружба дома, скраја да е, незнам веќе што да очекувам од моево женче неизживеано и почнав да размислувам што понатаму. Да ја оставам ќе пукне брука, ама па на шо личи ова понашање. Ако е за тоа и јас сум неизживеан, ама сепак размислувам трезвено и рационално.

Тоа е од мене, незнам што и како да правам. Се надевам дека на жена ми ова ќе и биде пролазно, ќе и дојде памет. А убаво ни тргна, штета ќе биде ако се растуриме…

Петар П.

Името и презимето познати на редакцијата. Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали, без одобрение од редакцијата на Галама.

Превземено со дозвола од редакцијата на порталот Галама

поврзани објави

Последни објави