6.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

Драма на летот Даблин – Задар, 33 лица во болница

Триесет и три патници се примени во болница, некои со крвавање од ушите, откако авион на „Рајанер“, кој леташе на релацијата Даблин-Задар, нагло загубил притисок во кабината, при што морал принудно да слета во Франкфурт, соопшти локалната полиција.

Маските за кислород биле ослободени во авионот по само 80 минути лет, откако тој, според податоците на сајтот Флајтрадар, за период од седум минути се спуштил за повеќе од 9.100 метри.

„Како што налага стандардната процедура, екипажот им нареди на патниците да ги стават маските за кислород и почна со контролирано спуштање“, се вели во соопштението на компанијата.

Оттаму кажаа дека авионот слетал нормално, при што мал број патници примиле медицинска помош од претпазливост. Патувањето за Задар требало да продолжи денеска.

„33 од 189 патници се хоспитализирани, некои со крвавење од ушите. Дел од нив беа задржани во болница, а некои одбија да го продолжат патувањето“, кажа портпаролот на полицијата.

поврзани објави

Последни објави