Британскиот спелеолог Верн Ансворт кој беше вклучен во спасувањето на децата од тајландската пештера, му порача на Илон Маск „својата подморница да си ја забие таму каде што боли“ опишувајќи ја понудата од милијардерот во спасувачката мисија да помогне со посебно дизајнирана подморница.
Ансворт рече дека подморницата била со должина нешто помала од два метри и дека немало шанса да работи зошто милјардерот немал поим какви се ходниците во пештерата.
Маск отпатува на Тајланд зошто сакаше да им помогне на спасителите нудејќи специјално дизајнирана подморница, но не знаел каква е внатрешноста на пештерата и колку тунели и премини има таму.
Шефот на спасувачката мисија го опиша уредот како „непрактичен“ за операцијата која барала провлекување на децата низ тесните премини. Децата заедно со тренерот се спасени без помош на Маск, иако тамошните власти рекоа дека подморницата може да послужи во идни операции.
Маск инсистираше на тоа дека неговата подморница може да помине низ тесните тунели, па изјави дека поранешниот губернер на провинцијата Таи, која ја одби неговата технологија, „не бил експерт за вакви прашања“.
„Може да си ја забие таа подморница таму каде што боли. Немаше воопшто шанси да работи. Тој нема поим каков е преминот низ пештерата“, рече Ансворт.
„Подморницата е долга околу шест стапки (нешто помалку од два метри) и груба така што не би можела да ги помине завоите ниту преку било какви препреки. Не би ги поминала ни првите 50 метри. Тоа беше обичен ПР трик“, рече тој.
Искусниот истражувач на пештери рече дека од Маск е побарано „многу брзо да ја напушти пештерата“ кога во текот на операцијата минатиот вторник влезе во неа.
Прочитајте го целиот напис на – sitel.com.mk