1.8 C
Skopje
Sunday, February 9, 2025

И јас еднаш го изневерив маж ми и се покајав, ама кога сакав да прекинам ми се случи ова

Здраво Галама, здраво на сите, се викам Соња. Знам дека вашите читатели во принцип ги осудуваат овие постапки, но сепак, вашиот портал е добро место да се испразни душата.

Сакам да ви кажам дека и мене еднаш ми се случи да го изневерам маж ми. Се покајав и сакав да прекине тоа. Мислев дека маж ми за тоа нема никогаш да дознае зошто се случи само еднаш, ви се колнам дека беше само еднаш!

Ама тогаш без да знам, дотичниот со којшто го изнвеверив маж ми, му се јавил на телефон и се’ му раскажал. Буквално детално му ја раскажал целата ситуација и се’ што се случило.

Маж ми беше лут, ги викнал моите родители, ме судеа сите на обвинителна клупа, тој викаше, беше бесен, дојдоа и неговите, а јас само плачев. Викаше дека ќе ме остави, ме навредуваше, како ли не ме нарекуваше.

Ама уште не ми стигна тужба за развод. Помина некое време и малку како да се подобри ситуацијата дома. Од пријателите никој не знае, знаеме само ние домашните. И децата не знаат што се случило. Се чини како да ја надмина ситуацијата.

Ама сега јас сум многу депресивна, сонувам како ме остава, како се разведуваме, ги гледам неговите солзи и ме болат. Мислам дека треба јас да го оставам него, а го сакам уште повеќе сега. Не знам што да правам, како да продолжиме да живееме после ова? Почнав да одам и на психијатар, тој ми вели дека ако се сакаме може да најдеме начин и да продолжиме понатаму во животот. Јас не сум сигурна…Многу ми е тешко.

поврзани објави

Последни објави