Претседателот на македонската Влада Зоран Заев, во интервју за BuzzFeed News вели дека за време на Самитот на НАТО на средбата со претседателот на САД, Доналд Трамп, побарал од него да и помогне на Македонија во спроведувањето на успешен референдум.
Премиерот Заев посочува во интервјуто дека ќе го покани Трамп во Македонија за време на кампањата по повод референдумот.