14.8 C
Skopje
петок, октомври 24, 2025
spot_img

ИГОР ЏАМБАЗОВ: Пишувам книга, ќе снимам песна – го живеам најубавиот период од животецов

spot_img

Игор Џамбазов минатата недела направи уште две интервенции, по кои, како што вели се чувствува супер. Пред него е долго работно лето, ја почнува новата книга, која се вика „10.421“ и ја пишува заедно со сестра му, а за некој ден со Гуру Харе ќе им излезе новата песна „И така секој ден“. Вчера, пак, го прослави 55 роденден.

-Последната вистинска роденденска журка ја направив на својот 50-ти роденден, во моето Слепче, кога ми дојдоа најблиските и најсаканите луѓе и сите заедно во дворот, покрај печено прасечко донесено специјално од главниот град, бела слепчанска ракија од магарешки сливи и гитарата, се обидовме некако да го прославивме тоа што не е баш за славење кога веќе дебело си навлегол во третата третина од животот…

Родендените се за деца. Они си играат во игротеката, а родителите локаат во кафичот од карши… – вели Џамбазов.

Извор: Република

поврзани објави

         

Последни објави