Раководството на Вардар, денеска, изненадувачки реши да го разреши стратегот Бобан Бабунски од кормилото на вицепрвакот на Македонија. На оваа одлука, се огласи и довчерашниот капитен на „црвено-црните“, Бобан Грнчаров, упатувајќи силни критики кон раководството на клубот.
„Фала Богу, така се работи, ако сакаат Вардар да иде напред. Уште Дарко болесникот да си отиде и топ“, без „влакна на јазикот“ порача Грнчаров на својот профил на „Фејсбук“.