Ракометната репрезентација на Франција е првиот финалист на Светското првенство во ракомет, откако во одлична атмосферта во арената 2Акор Хотелс“ беше подобра од Словенија до 31:25.
„Триколорите“ уште на почетокот покажаа кој е кој, создадоа предност која рутински ја одржуваа во текот на целиот натпревар. На полувреме имаа позитива од 15:12.
Најрасположен во таборот на Франција беше голманот Винсен Жерар со 16 успешни интервенции, додека најефикасен беше Недим Ремили со 6 погодоци, еден помалку од него постигна Валентин Порт. Кај Словенија најефикасен беше Јуре Доленец со 5 погодоци.
Франција во битката за златниот медал ќе ги одмери силите со подобриот од утрешното полуфинале помеѓу Хрватска и Норвешка.