3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Во виенското метро, бесплатен дезодоранс против жештините

За попријатно летно возење со виенското метро, градското сообраќајно претпријатие „Виенски линии” деновиве на патниците ќе им подели над 14.000 бесплатни стик дезодоранси.

Подземната линија У-6 на некои делници вози и над земјата, па вагоните многу брзо се загреваат. Засега само половина од возовите од таа линија се климатизирани, па престојот во останатите за многумина е прилично непријатен.

Додека трае обновувањето на опремата, и додека сите возови не бидат климатизрани, на патниците им се препорачува користење дезодоранс.

Главниот град на Австрија годинава прославува 40 години од пуштањето на подземната железница во употреба. Виенската мрежа денес има пет линии, 109 станици, а само во 2017 година се нотирани 450 милиони патници.

поврзани објави

Последни објави