4.8 C
Skopje
Saturday, February 15, 2025

(ФОТО) Корабскиот водопад во Македонија ја има убавината на Алпите во Швајцарија

Секоја убавина е тешко достижна. Посебно кога треба да се види и доживее во одреден период. Така е со Корабски водопад. За да го видите најдобро е во јуни.

Во мај, пределот каде што се поминува изобилува со снежни јазици, и се уште има снег. Во текот на јуни, природата се покажува во сиот раскош, а и се уште има вода во водопадот.

Корабски водопад нема вода во текот на целата година, само кога се топат снеговите на планината Кораб.

За да го видите треба, да тргнете од селото Рибница и да изминете 12 километри во еден правец. Се поминува низ еден шаренолик предел од длабоки шуми, пространи зелени ливади со разнобојни цвеќиња со најубави пеперутки на свет. Имаше и пробив низ папрати, „журкање“ од коприви, засладување со јагоди. Дишење со длабок здив.

И кога ќе го искачите пределот со шумата и ќе почнете да се движите на сртот кон водопадот, ви се отвора поглед со неверојатна убавина. Карпи низ кои се слеваат бројни водопади, создадени од топењето на снегот на планините над нив.

Моќни се глетките кон врвовите Рибничка скала, Кабаш, Гури куј, Кепи гропа, Боази. Реката која се создава од водата во водопадот и потоа продолжува да тече низ кањонот на Длабока река, беше прилично силна, па преминувањето низ неа беше со еленски скокови, или едноставно со боси нозе. Водата е толку студена, што чувствувате дека сте добиле премрзнатини, од само неколку секунди присуство во неа. Но, вреди.

Корабскиот водопад е највисокиот водопад во Македонија висок 138 метри. И официјално треба да биде прогласен за рај во земјава, и да се промовира како една уникатна убавина.

Извор: Емагазин

поврзани објави

Последни објави