fbpx
6.8 C
Skopje

Ретко ми даваше комплименти и немав доволно внимание – затоа го изневерував маж ми и не се каам

АКТУЕЛНО

Бројни Британци и Британки се залудени по онлајн сервисот кој им служи на мажите и жените во брак да си најдат соодветен партнер и во животот да си овозможат задоволство повеќе.

Анонимна Британка го открила своето искуство кое засекогаш и го сменило животот. Ова е нејзината приказна:

“Правев се што и моите врснички – се омажив во средните четириесетти со маж кој беше добар, но не и најдобар избор. Иако во многу работи се сложувавме во сексот, за жал, не наоѓавме заеднички јазик. Ретко ми даваше комплименти, па често внимание барав кај други мажи, а набрзо почнав да барам и прилики и места за излегувања каде ќе можам да добијам внимание.

Едноставно сакав да запознаам партнер кој ќе ме задоволи на начинот на кој јас сакам, па решив да отворам профил на популарната друштвена мрежа за пронаоѓање партнер, чие главно прашање е “Во брак сте, но се чувствувате запоставено?”

Кога почнаа да пристигнуваат понудите не можев да ја скријам возбудата. Ми се допадна еден маж кој делуваше паметно и духовито, па една вечер решив да се сретнам со него. На сопругот му реков дека излегувам со колегите од работа. Мистериозниот маж во реалоста беше еднакво паметен и духовит како што се чинеше и онлајн. Ми се допадна и уште на почетокот ме увери дека нема да правиме ништо што не сакам.

После тоа ме одведе во својата канцеларија каде страсно водевме љубов. Кога се вратив дома и легнав со маж ми в кревет не чувствував грижа на совест, туку возбуда и задоволство. После тоа истото го направив со уште неколку партнери и секој пат чувствував еднаква среќа.

Иако едно време мислев дека ќе можам да останам во брак со добар, но не толку возбудлив маж, после две години се појави мојот морален компас и сфатив дека тоа не е во ред па го напуштив сопругот, кој после тоа си најде соодветна партнерка, заради што и сум многу среќна, а јас продолжив со излегувањата забавите со помлади партнери.

Драго ми е што го поминав тоа и што сфатив дека во бракот бев изгубена, додека слободата ми донесе мигови кои секогаш ќе ги паметам”.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -