7.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Сеад Кочан доби 6 години затвор за случајот Труст на СЈО

Бизнисменот Сеад Кочан доби осудителна пресуда за случајот „Труст“ на СЈО во времетраење од 6 години. Кочан кој е сопственик на фирмата Трансмет е осуден поради доставувањето на фалсификувани документи за добивање тендер што во 2011 година го распишала државната фирма „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола. Тендерот добиен од ЕЛЕМ тежел 17.235.772 евра.

Во „Труст“ се осомничени три правни и три физички лица. Станува збор за фирмите „Трансмет“ од Скопје,, „Силекс“ од Кратово и „Вато“ од Студеничани.

Тие на тендерот на ЕЛЕМ му доставиле лажна документација во која прикажале наводна сопственост на тешка механизација за ископување, која ја немале и не ја набавиле, а таа што ја имале била со помал капацитет.

поврзани објави

Последни објави