8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Екс градоначалникот на Штип Захариев со ново обвинение

Штипското Основно обвинителство поднело обвинение против Илчо Захариев, екс-градоначалник на Штип за злоупотреба на службената положба, јавува ТВ24.

Според кривичната пријава поднесена септември мината година, тој го оштетил буџетот на општината бидејќи наместо 1.8 милиони денари на штипска компанија за комуналии и наплатил само 300.000 денари.

Захариев од своја страна изјавил дека со тоа што фирмата „Актива“, платила помалку комуналии, всушност ја спасил општина Штип од тужби бидејќи при легализацијата на стариот објект на компанијата биле наплатени повеќе комуналии, а по изградбата на нивниот нов произвотствен погон работите се искомпензирале. Судскиот процес против Захариев се очекува да започне по годишните одмори.

поврзани објави

Последни објави