За да се спречат злоупотреби и власта да направи реприза на локалните избори, опозицијата бара пржинска влада пред секои избори и донесување на законот за финансирање на партиите. Ваква одлука донел извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на седницата која се одржа вчера веднаш по лидерската средба
„Само на овој начин избирачите ќе имаат гаранција дека власта нема да го злоупотреби нивниот глас, односно дека опозицијата ќе има можност соодветно да дејствува при сите обиди за можен фалсификат и нема да се дозволи повторување на локалните избори. Обидите на Зоран Заев да ја манипулира јавноста со измислени образложенија дека некој бара амнестија за некаков криминал беа оценети како несериозни.“ – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата бараат за јасно изјаснување на волјата на граѓаните, власта да го почитува Законот и на референдумот да не поставува двосмислени прашања.
Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ останува во како што велат матрицата на поделби и изолација. Од владејчката партија додаваат дека имале обврска да ја обезбедат иднината а граѓаните според нив ќе ја дадат својата поддршка на референдумот.
„ВМРО-ДПМНЕ добро знае дека договорот ја носи Македонија напред, но нив ги интересира само личен интерес и амнестија и затоа се трудат да ја лажат јавноста. Постигнатиот Договор за 25 годишниот спор со Грција го гарантира македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската посебност.
Договорот ја обезбедува македонската иднина, иднината како дел од ЕУ и НАТО“. – велат од СДСМ
Првата прилика за доближување на ставовите власта и опозицијата ќе ја имаат во недела или понеделник за кога лидерите си закажаа нова средба во Клубот на пратениците.