fbpx
10.8 C
Skopje

По петчасовна битка: Надал го сруши Димитров и закажа финале со Федерер

АКТУЕЛНО

Рафаел Надал е вториот финалист на првиот гренд слем во годината, откако во полуфиналето по речиси петчасовна битка го совлада Григор Димитров во пет сета со 6:3, 5:7, 7:6, 6:7, 6:4.

Еден од најдраматичните натпревари оваа сезона го одиграа двајцата тенисери, овозможувајќи и на публиката максимално да ужива во секој момент и поен на двете страни. Надал ја искористи третата меч топка, која значеше прогрес во финалето.

На крајот, пресуди искуството на шпанскиот тенисер кој обезбеди нова мега пресметка, со можеби неговиот најголем ривал на тениските терени Роџер федерер, кој пак во полуфиналето беше подобар од сонародникот Станислас Вавринка.

Финалето во машка конкуренција ќе се одигра во недела, рано наутро во 09:30 часот, додека во сабота ќе се одигра женското финале помеѓу сестрите Серена и Венус Вилијамс.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -