Поучна приказна која докажува дека се, се враќа во животот.
Една старица после смртта на својот сопруг отишла да живее со својот син, снаа и внука. Со текот на времето нејзиниот вид и слух почначе да откажуваат, а рацете почнале да и се тресат, па храната од чинијата и паѓала на подот.
“Расфрланото” почнало да ги нервира синот и снаата, па за бабата поставиле мала маса во ќош од собата за таму да јаде сама.
За време на јадењето бабата ги гледала синот, снаат и внуката како јадат заедно на големата маса. Тие речиси и воопшто да не зборувале со неа, освен кога ја навредувале кога ќе и испадне храна.
Една вечер, пред да се постави вечерата на маса, девојчето седело на подот и си играло со коцки.
“Што правиш тоа?”- ја прашал таткото.
“Правам маса за тебе и мама за во ќош. Кога ќе пораснам јас, вие ќе остарете, за таму да јадете” – одговорило девојчето.
Мајката и таткото остале со отворени уста и само се погледнале, а потоа почнале да плачат. Во еден момент станале свесни за злото кое го имаат направено.
Таа вечер, ја вратиле старицата да јаде со нив на маса и од тој ден па натаму таа јадела заедно со нив без да реагираат кога ќе падне храна на подот.