8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Никола Тасев со хумористичен статус за грантовите за иновативност

За малку денес ќе заработев 10 милиона денари!?

– Утрово ми се откачи шајката на која ми висеше сликата на зидот. Немав чекан, па измислив дека можам да ја заковам со тегла. Успеав и веднаш ми текна дека тоа е ИНОВАЦИЈА!

Свртев на телефонот од Фондот за Иновации, пресреќен им раскажав каква ИНОВАЦИЈА сум измислил. Ме ислушаа и ме прашаа:
– Дали си член на СДСМ, им реков – НЕ.
– Случајно да не си претседател на комитет или пратеник, пак ме прашаа, им реков – НЕ
– Е ТОГАШ ГОСПОДИНЕ НЕ СИ ИНОВАТОР!

Додека стоев, така разочаран што не сум ИНОВАТОР, ми звони телефонот, гледам од Фондот за иновации.
– Не ве прашавме, случајно да не сте министер барем, па да ви дадеме 10 милиона за иновацијата што сте ја измислиле.
Е не сум ни тоа!

Не се криви тие од Фондот за иновации, навистина сакаа да ми „учинат“, ама за жал не сум квалификуван.

И така размислувам, не било лошо 10 години да си во опозиција, барем ИНОВАТОРСКИ способности ќе развиеш за кога ќе дојдеш на власт да се се покажеш во вистинско светло. Ако продолжат вака сигурно ќе добијат наскоро уште една „ИНОВАТОРСКА 10-КА“!!!

 

За малку денес ќе заработев 10 милиона денари!?- Утрово ми се откачи шајката на која ми висеше сликата на зидот. Немав…

Posted by Nikola Tasev on Saturday, July 21, 2018

поврзани објави

Последни објави