Некој сака да купува чанти, некои облека, а Марија Шерифовиќ има болест која се вика „зависник од купување патики“.
Марија на својот профил на Инстаграм објави фотка на која позира со преку 70 пара патики и се пожали дека и недостига простор.
– Не е болест се што боли. Наскоро ќе ги спакувам за во шпорет – напишала Шерифовиќ.
Инаку како што веќе знаете, Марија на 3. Август на стадионот „Билјанини Извори“ ќе одржи голем солистички концерт. Влезниците може да ги купите преку продажната мрежа на „мк-тикетс“, на градските плоштади во Скопје, Охрид и „Сити Мол“.