4.8 C
Skopje
Thursday, December 26, 2024

Сузана од Македонија: Госпоѓо Најчевска, како не ви е срам? Овој народ заслужува длабок поклон за сè што трпи

По последниот статус на Мирјана Најчевска, кој и ние го пренесовме, во нашето електронско сандаче пристигна реакција од наша читателка. Ви го пренесуваме во целост:

“Страшно невоспитан некултурен коментар, ароганција без срам, кој ама баш од ниту еден аспект не е аргументиран туку се сведува на навердување и омаловажување на она што никогаш не сте успеале и не ма да успеете да го разберете.

На светот не постои поумен народ и никој нема право да го оспорува и омаловажува, покажете ми друг народ кој успева да ги преживее сите овие голготи како нашиот народ и пак да преживее. Покажете ми народ во кој 90 % од луѓето живеат под егзистенцијално ниво а успеваат да изградат чесни и успешни деца кои си го наоѓаат својот пат и успеваат и надвор од дома.

Покажете ми народ кој без да ги пљачка другите народи и без насилство и изживување врз немоќниот, успеал да опстои така како нашиот. Покажете ми народ кој дал толку успешни и несебични творци и уметници како нашиот. Затоа, молам, сите сме должни да го почитуваме овој народ и до земја да му се поклониме на истрајноста, упорноста, умешноста за егзистирање и културата која ја дава на овој свет.”

поврзани објави

Последни објави