5.8 C
Skopje
Thursday, December 12, 2024

На 27. Јули вечерта небото ќе биде величенствено – какво влијание ќе има врз нас месечината на овој ден

Еклипсата позната и како „крвава месечина“ ќе се појави на 27-ми јули оваа година. Целосното затемнување ќе трае околу 1 час и 43 минути. Само оние на источната хемисфера ќе бидат доволно среќни за да сведочат на овој настан.

Крвавата месечина ќе биде видлива вечерта на 27-ми јули и во утринските часови на 28-ми јули. Ова е најдолгата еклипса за овој век. Делумното затемнување, пред и по главниот настан, ќе трае 3 часа и 55 минути.

Што е лунарна еклипса?

Лунарната еклипса се случува кога сонцето, Земјата и месечината се порамнети. Орбитата на месечината минува директно во сенката од Земјата. Оваа еклипса е толку долга бидејќи месечината поминува директно во најтемниот дел од сенката на Земјата, познат и како умбра. Ова е причината и за крваво црвената боја на месечината.

Интересно е што полната месечина во јули ќе биде во ист период со апогејот. Ова е кога месечината се наоѓа на најголема оддалеченост од Земјата. Ова ќе биде и најоддалечената полна месечина оваа година. Како резултат на ова, на месечината ќе ѝ биде потребно повеќе време за да помине низ умбрата на Земјата. Целосната еклипса ќе започне во 7:30 попладне според координирано универзално време и ќе заврши во 9:13 часот навечер.

Симболичното значење на јулската крвава месечина

За да се протолкува значењето на овој настан, потребно е да се разгледа симболиката на месечината и на црвена боја. Месечината ги претставува нашите најдлабоки желби, нашите основни потреби, нашиот потсвесен ум и нашата способност да реагираме во ситуации. Во главно месечината е поврзана со начинот на којшто сме се програмирале да размислуваме и да се однесуваме.

Во тарот картите месечината претставува илузија и интуиција. Оваа карта се појавува кога се лажете себеси или другите, или кога се сомневате дека некој крие нешто. Црвената боја е симбол за тврдоглавост, самодоверба, храброст, страст, агресија и истакнување. Црвената боја е поврзана и со свесноста за себе и за способноста за преживување.

Кога ќе се спојат сите симболи, се претпоставува дека полната крвава месечина означува време на промена. Ова во главно е резултат на длабоката желба за нешто повеќе. Оние кои обрнуваат внимание можеби го забележале ова и во реалноста. Секој ден се нагласуваат нови скандали, а одговорните за нив се истакнати преку медиумите. Гневот кој се појавува е несакан ефект од корупцијата која владее со глобалното општество стотици години.

Со цел да настане промена, потребно е да се откријат сите тајни. Нормално е откритијата да предизвикаат страст, но многумина дозволуваат да бидат владеени од нивниот гнев наместо да се соочат со коренот на проблемот. Со оваа месечина се случува уште една промена на свеста. Ова се случува барем еднаш во секоја генерација. Додека работите на себе, особено околу оваа полна месечина, ќе откриете дека повеќе не ви се потребни лагите. Ќе сакате да му дозволите на вашето вистинско јас да заблеска. Овие промени нема да се случат преку ноќ, но со текот на времето ќе станат очигледни.

поврзани објави

Последни објави