Уште утринава на северозапад и тоа особено на планините локално беше забележано нестабилно време, проследено со дожд и грмежи, објави метеорологот Славчо Попоски.
Во моментов северозападно од нас е развиен интензивен олуен систем кој предизвикува поројни дождови, силен ветер, силни грмежи и локална појава на град.
Од доцните претпладневни часови на повеќе места низ држава ќе се развива нестабилна облачност и тоа поради цеклонот Флоријан, која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер претежно од северозападен правец.
Локално процесите ќе бидат интензивни и застапени во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења, појава на град и значително количество на воден талог кое може да услови и локални поројни поплави.
Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја додека овчарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.
Граѓаните своите домашни уреди задолжително да ги исклучуваат од штекер додека трае невремето, а исто така и своите автомобили да ги ставаат подалеку од дрвја со цел да не дојде до несакана ситуација и штети.
Максимумот на температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени меѓутоа од навечер па натаму истите ќе бележат тенденција на значително опаѓање и повторно ќе бидат под просекот за овој летен дел од годината.
Нестабилното време со чести врнежи, грмежи и услови за невреме ќе се задржи подолг временски период.