„Пред одлуката – размисли, по одлуката – не размислувај“ и уште 16 други народни мудрости од Јапонија.
Јапонците важат за остроумни луѓе кои живеат по свои строги принципи, па зошто да не научиме нешто од нив?
Интересни јапонски народни мудрости:
– „Човекот е смртен, но неговото име може да стане бесмртно.“
– „Својата обврска кон родителите често ја чувствуваме тогаш кога повеќе ги нема.“
– „Добрината на таткото е повисока и од највисоката планина. Добрината на мајката е подлабока и од најдлабокото море.“
– „Фалењето е почетокот на срамот.“
– „И најдобриот сокол нема ништо да улови, ако не му дадат да полета.“
– „Оној со чие срце владее лакомоста е бескрајно сиромашен, без разлика колку пари има.“
– „Кога умираш од жед, доцна е да копаш бунар.“
– „Да одиш брзо значи да одиш бавно без прекини.“
– „Со неволјата човек треба да се бори со памет, а не со солзи.“
– „Не знаеш што е во душата на човекот кој постојано се смее.“
– „Големите несреќи настануваат од мали причини.“
– „Пред одлуката – размисли, по одлуката – не размислувај.“
„Кога најмногу ти се брза, биди најбавен.“
– „Направи сè што можеш, а останатото препушти и го на судбината.“
– „Среќата влегува во домот во кој се слуша смеа.“