5.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Да живееш при мајка си – така е прекрасно и речиси бесплатно

Велат, дека во Македонија прво мајка ти ти пречи да си фатиш девојка, после – сопругата. Според истражување на “Евростат“ за 2017 година овој виц не е далеку од вистината – македонците ги напуштаат родителите после својата 29. година.

За споредба, во држави како Данска, Шведска и Холандија младите ги напуштаат своите родители на 21. годишна возраст.

Тенденцијата во Македонија и Бугарија е жените да го напуштат семејното огниште пет години порано од мажите, нешто што е доволен факт дека машките деца се мамини синчиња кои бавно но сигурно чекорат кон својот „нов дом“.

Ако маминото синче не седи без работа, голема е шансата да има кариера и тоа стабилна. Професијата пак не му дозволува уште наполно да биде самостоен. Парното е ужасно скапо, сметките за струја, вода, ставете овде и сметки за храна, интернет, телевизија и сметката не излегува.

Животот во метрополите поскапува од ден на ден, од месец на месец, а и сам се живее ли?

Така му е прекрасно – си има сопствена соба во домот. Вечер пие пиво со татко му и води спорови на разноразни теми со неговата мајка.

Не е никако исклучено од време на време да се појави и друга жена во домот, покрај мајка му. Можеби на влегување во полу-ергенското семејство ќе има некакви кратки и тивки реченици од типот – “Тивко, дека мајка ми спие лесно“ или “Само да те предупредам, татко ми многу силно рчи“.

Сето ова пропратено со стапнување на прсти дури се поминува низ ходникот во станот.

Возможно е истата вечер да си поминете прекрасно и да не ви направи проблем, што преку една соба од вас вашите зборови се слушаат многу добро. (во собата на мајка ти и татко ти)

Под посебните привилегии, се разбира, се што нема да морате да врзете престрилка и да правите кифлички, туку можете удобно да се сместите во својата удобна, мека фотелја пред телевизор и да го чекате своето омилено јадење, направено од вештите раце на својата мајка.

 

И така се живее, додека маминото синче не стигне до својот 30. роденден.

Тогаш наеднаш финансиската криза исчезнува, а имотниот балон “пука“. Немам трпение да дознаеме кое од овие две чуда се счуваат и ја кршат состојбата на статус кво.

поврзани објави

Последни објави