3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ВИДЕО: Среќа морето беше тука, пламенот не следеше до водата, а нашите грбови изгореа

Најмалку 50 луѓе загинале во пожарите во Грција, информираат од Грчката агенција за граѓанска заштита. Власттие таму бараат меѓународна помош, за да се справат со овој голем пожар.

Повеќе од 156 луѓе се сериозно повредени.

Стотици пожарникари се борат со пожарите и луѓето ги напуштија своите домови. Во тек е операија за барање и спасување на 10 туристи. Тие избегале од пожарите со чамец, велат очевидци.

– Ќе направиме се што е возможно, за да го контролираме пожарот и да нема повеќе штети и загуби на човечки животи, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Изјава на Алексис Ципрас по повод пожарите кои ја зафатија Грција

Тој го откажа официјалното патување во Босна за да помогне и да ги кординира дејствијата за гасење на пожарите.

Пожарникарите ја оценија оваа ситуација како “исклучително тешка“. Луѓе направиле обид да избегаат од пожарот, влегувајќи со чамци во водата. Мајка и дете се најдени удавени.

– За среќа морето беше таму и влеговме во морето, бидејќи пламенот не следеше до водата, нашите грбови ни изгореа, вели локален жител, кој успеал да се спаси од пожарот.

 

поврзани објави

Последни објави