5.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Џабир Дерала: Некорумпираните и прогресивни индивидуи и групи во ВМРО-ДПМНЕ мора да влезат во битка за спас на партијата

Колумна за Цивил на Џабир Дерала:

…Да се надеваме дека Заев конечно сфати дека мора да биде порешителен во спроведувањето на реформите што ќе донесат правда за сите криминалци, сите по ред и од сите редови, па нека се и коалициони партнери или членови и функционери во неговата партија, нека се и парламентарци, партиски лидери или владини претставници и функционери. Тоа мора да го стори уште веднаш. После нека цивка Мицкоски дека тоа е одмазда поради неговите преговарачки измами. Оваа тревожна приказна мора еднаш да заврши.

Заев сега има потполно право да се откаже од сите компромиси со Мицкоски. Логиката е едноставна. Барањата на ВМРО-ДПМНЕ имаат единствена цел – спас на Груевски и Фамилијата. Сѐ што прават е купување време, одолговлекување, опструкција, уцена, притисок… Тоа значи дека наметнатите услови, спакувани во фина обланда, иако проѕирна, нема зошто да бидат дел од договор, бидејќи договор, а ниту дијалог, едноставно нема!

Да не говориме за губењето драгоцено време со бесплодните натегања со ВМРО-ДПМНЕ. Пржинска влада? Тоа беше договор во услови на криминална и диктаторска страховлада. Враќање на старите правила во врска со изборот на ДИК? Нема зошто да му се дава простор на дополнително блокирање на системот и на процесот, без оглед на тоа колку е дискутабилна неодамнешната одлука на парламентот. Без оглед на тоа дали на крајот Мицкоски и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе се согласат гласаат за ратификација на Договорот со Грција или не, сите мораат да се соочат со полната сила на правдата.

Во меѓувреме, некорумпираните и прогресивни индивидуи и групи во ВМРО-ДПМНЕ мора да влезат во порешителна битка за спас на партијата од заборав и распаѓање. Или да свириме крај на ВМРО-ДПМНЕ…

Целата колумна прочитајте ја на Цивил

поврзани објави

Последни објави