-0.2 C
Skopje
Monday, January 13, 2025

Дунавка се отвори за љубовта со Владо

Откако манекенката и бизнисменка Дунавка Трифуновска се појави во новиот спот на Владо Јаневски, а потоа сподели и неколку заеднички фотографии, медиумите објавија дека тие се во врска која трае уште од пред снимањето. „Репортер.мк“ ја контактираше Дунавка, која ни откри дека со популарниот музичар неодамна прославиле дваесет години симпатија.

„Јас и моето семејство сме негови фанови отсекогаш. Владо го запознав како ‘клинка’ во Преспа на изборот за Мис на Македонија 1998 година, на мојата прва ревија. Тој беше штотуку вратен од Бирмингем, од Евровизија. Оваа година на денот кога се запознавме и го снимавме спотот со Бане Томато, прославивме 20 години симпатија“, рече Дунавка.

Дунавка, која ја има главната улога во спот на Владо за песната „Главен град на тагата“, неодамна објави слика на која е прегрната со Владо. Покрај сликата, меѓу другото, напиша „Те сакам будало мала“, што дополнително ги поттикна озборувањата дека манекенката и музичарот се во врска.

поврзани објави

Последни објави