Претседателот на САД Доналд Трамп и британскиот премиер Тереза Меј се сретнаа денеска во Белата куќа со цел да ги обноват, како што рече Трамп „специјалните односи“ меѓу двете нации.
Американскиот претседател повторно ја поздрави одлуката на Велика Британија за излез од ЕУ.
– Слободна и независна Велика Британија е „благослов за светот“, истакна Трамп на заедничката прес-конференција, по завршувањето на состанокот со британскиот премиер Тереза Меј, првиот странски лидер со кој се состана по инаугурацијата.
Трамп нагласи дека, како бизнисмен, со Европа „многу тешко соработувал“ и дека има „многу лошо искуство“, додека со Велика Британија „непречено соработувал“, и дека затоа смета оти излегувањето на земјата од ЕУ ќе биде „фантастична работа за Велика Британија“.