Српската пејачка Емина Јаховиќ прв пат јавно проговори за разводот со Мустафа Сандал.
По 10 години брак , Емина се разведе од Мустафа , а нејзините синови Јаман и Јавуз минуваат низ траума. Емина поради бројните обврски е во Белград. Таа прв пат проговори за траумите што ги предизвика разводот , со кој беше шокирана и турската јавност. ,,Добро сум. Дефинитивно би можела да бидам и подобро , бидејќи минувам низ еден тежок период и не е лесно. Но , добро е , се држам.
Мислам на разводот на бракот низ кој минувам и тоа е навистина голема траума и за мене и за моите деца и се обидувам да поминам низ сето тоа. Се надевам ддека ќе излезам од ова како што тоа од мене се очекува .” вели Емина за српските медиуми.
Иако ставија крај на љубовната врска, поради синовите Емина е во добри односи со Мустафа. ,, Останавме многу добри пријатели . Имаме две деца и поинаку не би било нормално . Нашата врска беше преубава и љубовта беше преубава , така што за жал и разводот треба да биде преубав .” рече Емина Јаховиќ.