Среде бел ден во 16.15 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје 36-годишната Е.Д.Г. од Скопје пријавила дека истиот ден во близина на средното училиште “Димитар Влахов“ додека ја преминувала железничката пруга, односно минувајќи низ поставен вагон од патнички воз, непознато лице на возраст од 40 до 50 години, ја фатило за рака, ја повлекло кон себе и почнало да ја допира по телото.
Кога Е.Д.Г. здогледала друго лице-случаен минувач, почнала да вика и да бара помош, по што лицето избегало.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.