Лепа Брена деновиве го промовираше видеото за својот нов сингл насловен “А како јас”, a интересно е тоа што снимањето видео записот за песната се снимал на локации на три континенти – Европа, Азија и Америка.
Непосредно по промоцијата на видеото, пејачката во интервју за српските медиуми се потсетила и на своите музички почетоци и истакнала дека е горда на се што успеала да направи и постигне во животот.
– Поприлично сум скромна по природа, свесна сум за своите успеси и знам дека сум единствената жена на овие простори која успеала да направи кариера од вакви размери. Она што јас успеав да го постигнам, не успеа никој друг да го повтори и мислам дека нема никој да успее тоа да го стори во скоро време. Горда сум на се што имам направено, но и на она што сум денес.
– Тврдам дека не постои жена од шоу бизнисот која има вложено во работата повеќе од мене. Многу е лесно да се купуваат чанти и облека, но јас вложував и работев во она што може да ја обезбеди мојата иднина. За да опстоиш на терен каков што е Балканот ти треба многу мудрост, памет и талент, рекла пејачката.