Сексапилната актерка Барбара Мори пред повеќе од 10 години ја маѓепса македонската публика со улогата на Руби во истоимената теленовела.
Барбара и денес го одзема здивот. Актерката кариерата ја започнала како манекенка, а најголемата популарност ја стекнала во серијата „Руби“.
Барбара со големи чекори оди кон Холивуд но минала низ тешка борба со здравствени проблеми. Актерката на неполни 30 години се соочила со рак на дојка.
-Многу е тешко да се изговори:„Да, имав рак“. Поради некоја причина Бог ме стави не тест и јас успешно го положив. Се изборив со болеста, го победив ракот и одам понатаму“, кажала Барбара во една прилика.
Интересно е дека денес има 40 години, а минатата година станала баба кога нејзиниот син (20) станал татко. Барбара пред неколку години го сменила имиџот и станала русокоса, а за неа можеме да кажеме дека е една од најсексапилните баби.