10.8 C
Skopje
Sunday, February 16, 2025

Се породи Луисана Лопилато, ѕвездата од „Млади бунтовници“ (ФОТО)

Луисана Лопилато и нејзиниот маж Мајкл Бубле добија уште еден член на семејството. Ѕвездата од серијата „Млади бунтовници“ ја донесе на овој свет нивната ќерка вчера вечерта.

Среќната вест ја објави Луисана на својот Инстаграм профил и сподели фотографија каде се гледа раченцето на бебето. Како што дознавме тие својата ќеркичка одбрале да ја крстат Вида или во буквален превод од шпански – Живот.

 

 

Како да објаснам дека нашите срца ќе експлодираат од љубов? Нема доволно часа во денот за да се размислува за тоа. Му благодарам на Бога што ни го даде овој дар на живот и среќа! Бидејќи гледањето во нејзините очи е како гледање во самото небоТе сакаме до бескрај и пошироко. Те чекавме не само за да ја зголемиш нашата фамилија… ни даде светлина, надеж и конечно си и ќе бидеш Живот на нашата душа!“ – напиша Луисана во описот на фотографијата.

ФОТО

 

31-годишната актерка и 42-годишниот пејач имаат и две мали синчиња, 4-годишниот Ноа и 2-годишниот Елијас.

поврзани објави

Последни објави