3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

На сред бел ден во Скопје: Побарале да го напушти домот – кога одбил, му фрлиле молотов коктел

Скопјанецот Слободан Божиновски и неговото семејство останаа без дом во кој живееле 20 години и кој е заведен во неговата лична карта.

Сега неговото живелиште е само пепел и остатоци од пожар кој бил подметнат рано изутрина од формално непознати напаѓачи.

Откако предходно две лица во возило дошле до кај него и побарале да замине со семејството од домот затоа што тие имале документи за него а тој одбил утринава бараката во која растеле неговите деца е запалена.

Најверојатно кон домот е фрлен молотов коктел кој предизвикал пожар на целиот објект по што семејството Божиновски остана на улица.

Земјиштето според катастар се води како имот на Република Македонија и за него е започната процедура за легализирање од страна на корисниците.

Полицијата денеска извршила увид на местото на инцидентот по што ќе преземе соодветни чекори .

На улицата Среќко Пужалка во скопската населба Ченто денеска дојде и градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски кој вети итно санирање на објектот за да му се помогне на семејството Божиновски но и за да нема опасност од нови пожари по соседните објекти.

Пред нападот со молотов коктел на бараката напаѓачите најверојатно со фудбалска топка ги онеспособиле камерите во дворот на училиштето Крсте Мисирков при што едната камера е искршена а другата е свртена во правец кој не го покрива запалениот објект.

Пред неколку години во оваа населба беше запален и објект на локалната амбуланта во нерасчистени околности.

Во двата случаи најверојатно се работи за приватни нерасчистени имотно правни односи меѓу припадници на различни етнички групи.

Извор: Експрес

поврзани објави

Последни објави