Првиот министер за надворешни работи и потенцијален кандидат за иден претседател Денко Малески смета дека е шизофрено да се биде за НАТО и за ЕУ а во исто време да се биде против промена на уставното име.
Фотографијата со неговата изјава објавена во неговата колумна “Светот е еден” се шири на Твитер а оригинално е објавена во неделникот ФОКУС.
Според анкетите 75 % од Македонците се против промена на уставното име. Во исто време околу 80 % од населението е за влез во ЕУ и НАТО.