Метеорологот Славчо Попоски информира дека се наоѓаме пред периодот кој ќе биде најтопол досега ова лето, а тој дел ќе започне некаде кон средината на следната недела.
Температурите на воздухот и покрај тоа што ќе бидат во пораст сепак ќе бидат далеку пониски за разлика од изминатите лета кога знаеле да се искачат дури и до 45 степени.
На средината од следната недела максимумот на истите ќе се искачува во интервалот од 30 до 38 степени.
Значи и покрај тоа што ни следува досега најтоплиот дел од летото не се очекува ништо екстремно, па дури температурите на воздухот и понатаму ќе бидат малку под просекот за овој натопол дел од годината.
Од друга страна пак Флоријан нема намера да не напушти што значи и понатаму ќе продолжи нестабилната атмосфера што значи треба да очекуваме особено во текот на попладневните часови развој на нестабилност проследена со локална појава напороен дожд, грмежи и засилен ветер а можно е и локално невреме проследено со град и значително количество на воден талог.
Потоа за време на следниот викенд температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање.