Легендарниот пејач Оливер Драгоевиќ почина утрово во 5 часот во болницата во Сплит на 71-годишна возраст, тој ја изгуби борбата со ракот.
Иако тој храбро се бореше се до последниот момент и позитивните мисли беа со него до последниот момент, за жал не издржа.
– Добро сум, можам да кажам дека не се чуствувам како болен. Да не морам да одам на хемотерапија, ќе помислам дека немам ниту една потешкотија. Нормално лекови пијам и се како што ми е препишано. Кога не одам на хемотерапија, многу сакам да одам во викендицата во Велој Луци каде обожавам да свирам и пејам. Тоа единственото кое ме исполнува овие денови. Страшно е тоа кога болеста ќе го нападне човекот, но ако се борите, воглавно ќе ја добиете битката. Верувам дека ќе ја добијам. Велат музиката е лек, затоа постојано свирам и на тој начин се лекувам, зборуваше неодамна пејачот Оливер Драгоевиќ.
Кога на 7- ми декември минатата година наполни 70 години, луѓе коментираат секакви работи, а се појави и веста дека музичарот починал. Тоа Оливер воопшто не го допре. Во тој период имаше закажан концерт кој мораше да го откаже бидејќи здраствената состојба му се влоши.
– Ма дајте, тоа се само глупости. На луѓето ако не им се јавиш некое време, веднаш те отпишуваат и мислат дека повеќе не си меѓу живите. Го сакам животот, а на такви приказни секогаш гледав со насмевка. Во тоа време кога не им се јавував на луѓето го барав својот мир, а тоа единствено можам да го најдам во викендицата. Ако некои ме отпишаа, се излажаа, посилен сум како никогаш досега, зборуваше Оливер.
Тој роденденот го прслави во кругот на семејството и откри што посакал.
„Здравје и што поскоро да се ослободам од оваа болест. Тоа е нешто најдобро што можам да си го посакам за себе.Секако тука се семејството, и секогаш да се со мене како што беа и до сега, се останато само е си дојде„ рекол тој.
Често за мажите се верува дека не плачат и дека ги собираат проблемите во себе, но Оливер имаше поинакво мислење на таа тема.
„Тоа е индивидуално, се случувало во тепшки моменти да плачам, кога ми соопштија за болеста првпат пуштив солза, но сега не сакам да зборувам за тоа. На концерти се случува да пплачам зошто ме погодила некоја од песните кои ги пејам, опишуваат одреден дел од мојт живот- раскажал Оливер.
Извор: Прес24