Претседателката Kолинда Грабар Китаровиќ упати искрено сочуство до семејството на Оливер Драгоевиќ, истакнувајќи како Оливер ќе остане неизбришлив траг во антологијата на хрватската музика и како неговото заминување цела Хрватска го доживува како губиток на член од семејството.
– Почитувано семејство Драгоевиќ, со длабоко жалење и тага ја примив веста за смртта на Оливер Драгоевиќ, музичар и единствен уметник на даламтинскиот звук кој нас тој глас не следи цел живот, не тешеше во нашата тага, не освежуваше во нашите љубови и ги развеселуваше нашите веселби и радости.
Песните на Оливер не пратат од детството и затоа неговиот глас не можеме да го заборавиме, бидејќи е испреплетен со најсреќни, најтажни моменти од нашите животи. Тој беше омилен низ цела Хрватска, а и пошироко,напишала Колинда.