И Северина испрати емотивна порака на социјалните мрежи за смртта на музичката легенда.
– Ова е тешко, ова нема смисла, ова е претешко… На неговите песни ги учев првите зборови… Ова е многу тешко и не сакам да верувам. Неговите песни ни влегоа на нас како низ мајчино млеко. Тој е во мојата ДНК, и во твојата, и во твојата и во сите нас. Сите плачеме, напиша Северина.